5 места во Скопје каде бранч задолжително мора да те однесе
Скопје не е само плоштад и споменици. Постои еден друг град — оној со жолта светлина која те удира низ прозорецот додека пиеш кафе, со мени кое изгледа премногу убаво за да го јадеш, со храна и кафе кои те тераат да посегнеш по телефонот само за да ги споделиш на инста стори. Тој град го знаеме ние. И ги знаеме местата.
Еве ги 5-те места во Скопје кои бранч ги одобрува — за бранч, за каефе, за оној момент кога сакаш да се чувствуваш како да си некаде во Пинтерест, а всушност си на 10 минути пешки од дома.
01. Breadway Taste Gallery — за кога уметноста се јаде
📍Ул. Македонија, Рекорд


Ова не е само кафе. Ова е „музеј на вкусови” — и тоа не е само маркетинг. Пастелни бои, печива кои изгледаат рачно работени, кроасан со фстаци кој е точно онолку добар колку што изгледа.
Просторот е фотогеничен по природа — без многу труд, сè изгледа како Пинтерест табла во живо.








Осум омилени идеи за ран или доцен појадок во Breadway
⠀
1) Фета тост со фета, хумус од цвекло, краставица, црн сусам, интегрален леб, микробилки⠀
⠀
2) Авокадо тост со домашна рикота, авокадо, јајце на око, микробилки, црн сусам, интегрален леб⠀
⠀
3) Мортадела тост со домашна рикота, италијанска мортадела, закиселен кромид, поширано јајце, рукола, фстак, интегрален леб.⠀
⠀
4) Печурки тост со домашна рикота, вргањ, тартуфи, шампињони, рукола, микробилки, пармезан, интегрален леб.⠀
⠀
5) Бри тост со домашна рикота, деликатесен пршут, рукола, бри сирење, мед, балсамико крема, микробилки, интегрален леб.⠀
⠀
6) Лосос тост со домашна рикота, димен лосос, кавијар, рукола, микробилки, интегрален леб.⠀
⠀
7) Гранола со грчки јогурт, гранола, свежо сезонско овошје, путер од лешник⠀
⠀
8) Потаж од тиква, кромид, домат, грчки јогурт, крутони⠀



Задолжително нарачај: flat white и кроасан со фстак или мача сладолед.
Вајб: Instagram Goals meets гурме кафе.
Менито е подготвено со многу љубов и едвај чекаат да го поделат со вас, посебно секоја сезона, со сите тренди вкусови и рецепти.

02. Blueberry & Basil — за кога сакаш бранч, но сериозен бранч
📍Maksim Gorki 20, Skopje, North Macedonia


Основан во 2025 година од двајца млади љубители на добро кафе и вкусна храна од Велика Британија, Blueberry & Basil е местото кое Скопје го чекаше. Светол простор, вкусно кафе, палачинки кои изгледаат како нешто од Нотинг Хил, и авокадо тост кој навистина оправдува зошто тој тост стана симбол на цела генерација.
Задолжително нарачај: авокадо тост, бруки (брауни и колаче) или златни палачинки со личи (lychee) леден чај.
Вајб: British brunch energy, но скопски и достапен.



03. Lipa Cafe — за оној ден кога ти треба тишина
📍Leninova 5, Debar Maalo


Опкружено со дрвја, скриено во срцето на Дебар Маало иако е точно таму — Lipa е местото каде времето поминува поинаку. Надворешниот простор е посебно убав во сончеви денови, а внатре е топло и смирено. Местото за долги кафиња, добри разговори и книга ако дојдеш сам.
Задолжително нарачај: кое и да е кафе, бавно уживај.
Вајб: Европски парк кафе, но твој.



04. Rutina Coffee House — за кога сакаш квалитет без компромис
📍Никола Русински бб


Модерен, смирен, естетски прецизен. Рутина е за оние кои знаат разлика меѓу еспресо и специјалти кафе — но и за оние кои сè уште учат, а сакаат убаво место за тоа. Внатрешноста е минималистичка на начин кој те смирува, топло место за кафе. Совршено за работа или за „me time” кога ти требаат.


Задолжително нарачај: брауни со топло чоколадо или некој од нивните сезонски специјалитети.
Вајб: Тивко, убаво, топло.



05. TEENY ТАЈНИ — толку мало што речиси е тајна
📍Дебар Маало


Влегуваш и веднаш знаеш дека ова место не се труди. Нема потреба.


Teeny Тајни е неутрално на најубав можен начин — никакви претерувања, никакви трендови кои за шест месеци ќе застарат. Само добро кафе, oat milk latte кое навистина оправдува зошто луѓето го нарачуваат, и простор кој некако успева да се чувствува и минималистички и топол во исто време.
Дебар Маало го има тоа — секоја втора улица крие нешто вакво. Но Teeny Тајни е посебно затоа што е интимно без да се труди да биде интимно. Просто е мало. Просто е тивко. Просто прави добро кафе (и храна).

Идеално за: соло утро со телефон на маса, прв состанок кој не сакаш да биде премногу формален, или оној ден кога ти треба кафе но и малку мир.
Задолжително нарачај: oat milk latte — класика со причина.





Вајб: Pinterest board во живо, но без филтер.
Бонус совет од Branch: Секое од овие места е подобро кога дојдеш без план. Нарачај нешто ново. Остани малку подолго. Скопје го заслужуваш така.
Сподели го со некој со кого би отишол на бранч — и тагирај ги на сторис. Да видиме кое место прво ќе биде посетено.
