бранч [brunch] — секојдневен живот, пинтерест & велнес блог

Теми за животот меѓу две кафиња

за бранч

“Секоја тема што заслужува место на масата, има место и тука.”

Бранч никогаш не бил само за храна, ниту пак постои само за тоа што е трендовско и совршено, туку за вистинските разговори — оние што ги имаш со сестра ти додека бирате грицки во продавница, или со пријателката кога ти признава дека не е сигурна за врската, твојата мајка ти покажува како да ја исчистиш дамката од белата кошула или колешката што ти испраќа линкови во 23 часот за фустани за свадба.

Помеѓу обврските, помеѓу планирањето, помеѓу животот како што го замислуваме и животот како што навистина е.


За времињата кога кафето е ладно, но сè уште седиме. Кога требаше да заминеме пред час, но муабетот стана предобар, за врските што не работат, за домот што сакаш да го создадеш, за венчавката што ја планираш од малечка, за првиот валентајн, за тоа зошто не можеш да престанеш да купуваш шољи за кафе, првото интервју, за рецептот што го најде твојата баба, или за приказна од редит што те насмеа денес.

Ова е твојот дигитален бранч, донеси си ја шољата со кафе, имаме многу за разговарање.

Latest on the Blog

No posts

Load More